Кој е вон памет за уставот, Пендаровски или претседателот на државата (ФОТО+ВИДЕО)

Серијата знам одговорност за состојбите со Бугарија и ЕУ има и претседателот Пендровски кој еднаш зборува едно а друг пат сосема друго, вели претседателот на комисијата за надворешна политика на парламентот Антонијо Милошоски.

Милошоски потсетува што зборувал Пендровски во 2020 за уставот а што зборува сега. Се работи за две сосема различни позиции. Првиот пат дури тврдел дека е вон умот да се менува уставот, сега вели дека тоа е добра идеја.

,, Претседателот Пендаровски е еден од оние што носат одговорност за потчинетата положба на Македонија кон Бугарија. Како претседател има сериозна надлежност во надворешната политика, но нема конзистентен став. За битни државни позиции често дијаметрално ги менува ставовите, со што кај граѓаните наместо сигурност, создава недоверба и несигурност.

Во октомври 2020 да тврдите дека е “вон памет” да се прави промена на Уставот, а по две години од Собранието да побарате “да се промени Уставот”, е одлика која му личи на биполарен политички аналитичар, но не му личи на претседател на држава.

Министрите Османи и Маричиќ исто така имаат слаби перформанси во надворешната политика, но, Претседателот Пендаровски дефинитивно нема капацитет ниту да ги координира, ниту да ги корегира. Затоа слабостите на овој надворешно-политички тим резултираат со слаби позиции на Македонија во меѓународната арена, бидејќи нивните ставови не се земаат за сериозни и долгорочни”, пишува Милошоски.

На сцојоните мрежи се појави и видео од кое се гледа дека некој е вон памет со своите позиции.