Кој е виновен за пропаста на Хрватска?

Откако Хрватска доживеа демографски слом, има тешка стагнација на економијата и се заканува колапс на неодржливиот пензиски систем порталот Index.hr се обиде да ги детектира главните виновници за целосно уништување на Хрватска.

Пред шест дена, стартуваше анкета меѓу читателите кои требаше да одберат едно од 71 имиња на  хрватските политичари и јавни службеници кои работеле во последните 30 години.

На анкетата се одѕвале десетици илјади луѓе кои ги посочиле главните „виновници“:

И тоа, без конкуренција на прво место е рангиран Фрањо Туќман, првиот претседател на независна Хрватска, следуваат  Иво Санадер, долгогодишен премиер кој во последниве години се соочи со голем број на обвиненија за милионски криминал.

Трет е Владимир Шекс., адвокат, пратеник , на четвртото место се наоѓа тајкунот Ивица Тодориќ, а на петто –  Борислав Шекгро, поранешен вицепремиер, министер за финансии

Следат Андреја Пленковиќ, Ивиќ Пашалиќ, Томислав Карамарко, Милан Бандиќ и Славко Линиќ.