Кој е прорускиот фактор во владата поради кој Македонија во годишниот извештај за напредокот направен од ЕУ е оценета дека не ги спроведува мерките кои се дел од заедничката безбедносна и надворешна политика на унијата.

Во извештајот се вели дека во овој дел има напредок но дека земјата продолжува да не ги спроведува рестриктивните мерки кон Русија усвоени од ЕУ во Март.

Во извештајот не се наведува прецизно за кои мерки се работи но јасно се наведува дека Македонија не ги спроведува со што практично Брисел ја оценува владата како попустлива кон Москва односно индиректно дека води проруска политика.

Свои ингеренции за надворешната политика и спроведување на европските мерки или санции кон Русија имаат претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Токму овие тројца се луѓето кои се најгласни во обидот сите критичари на власта на СДСМ и ДУИ да ги обвинат за проруски сентимент.

Според извештајот на ЕУ додека тие ,,врескајќи” бараат руски играчи во земјата а всушност самите водат проруска политика неспроведувајќи ги европските мерки за Русија.

Најново

Наместо да го затвори случајот таа дополнително фрлила масло на огнот

Бесмира Ејупи го вратила безбедносниот сертификат и создала уште поголем проблем