Еден од најгласните застапници за војната со Русија и најголем критичар на Москва кој до вчера беше главен советник на претседателот Зеленски смета дека официјален Киев греши кога ги отфрла своите граѓани кои имаат руско самочувство и говорат руски јазик.
Главниот советник на Зеленски Алексеј Арестович кој си поднесе оставка откако изјави дека украинската противвоздушна одбрана е виновна за уништената зграда во Дњепар во која загинаа десетина луѓе во видео интервју сега вели дека Зеленски греши што ги отфрла украинските Руси кои наместо да заминат од Русија ја донесле Русија во Украина.
Тој го обвинува Зеленски дека така и помага на Русија.
Арестович кој се смета за можен протвкандидат на Зеленски на следните претседателски избори бара украинските власти треба „да ги повлечат“ членовите на Украинската православна црква на своја страна, и да запрат со прогон на оние кои се противат на политиката на Киев.
Властите во Киев се однесуваат „како идиоти“ во ситуацијата околу Украинската православна црква, изјави советникот на канцеларијата на украинскиот претседател Олексеј Арестович.
Тој вели дека Киев мора да го почитува луѓето кои зборуваат руски и се чувствуваат како Руси а се борат во украинската армија.
„Сакаме да бидеме нормална земја, нели? Или можеби сакаме да бидеме идиоти заради многу примитивната техника на поделба? Тоа е политичка стратегија, а не културна политика. Многу е едноставно: или се однесуваме како разумни луѓе или како идиоти. Досега се однесувавме како идиоти кои ја прокламираат оваа политика“, рече Арестович, коментирајќи го прогонот на Украинската православна црква во интервју за канал на Јутјуб.
Украинската служба за безбедност вршеше претреси во храмовите на Украинската православна црква ширум земјата. Некои од неговите архиереи се обвинети за велепредавство, саботажа и пропаганда меѓу парохијаните.
На 1 декември, украинскиот претседател Владимир Зеленски ја донесе одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана, всушност, насочена кон забрана на Украинската православна црква. Конкретно, претседателот даде инструкции да поднесе предлог-закон до парламентот со кој се забрануваат „верските организации поврзани со центрите на влијание во Руската Федерација“ и внимателно да се испита Повелбата со која се уредува Украинската православна црква за знаци на канонски врски со Московската патријаршија.
Does Arestovych have a death wish or is he trying to undermine Zelensky for his own political aspirations? My understanding is that he’s detested by Ukrainians, so how realistic are those aspirations anyway? I’m surprised at his candidness & his direct criticisms. pic.twitter.com/51896Lx28M
— Anatomy of Truth 🇨🇦 (@e_l_g_c_a) January 17, 2023