Бизнисменот и активист Роберт Милески открива дека во Македонија постои таен мистериозен цензор кој одлучува за промена на учебниците а граѓаните не се информирани за тоа.
За разлика од учебниците по историја за кои заседава со години посебна историска комисија некој, засега непознат за јавноста без дебата и стручна расправа на барање на Бугарија го сменил учебникот по географија за седмо одделение.
,,Драги Георгиев (претседател на македонскиот дел од мешовитата историска комисија со Бугарија) изјави дека тие како историска комисија не разгледувале други учебници, освен оние по Историја. Ако е така, кој тоа договорил промена на учебникот по Географија за 7-мо одделение? Постои ли некоја друга тајна комисија која договара вакви промени?
Милески цитира дел од од вториот протокол потпишан меѓу Македонија и Бугарија во кој се наведува дека е променета содржината на учебникот по географија но јавноста не знае врз основа на чија стручна и научна одлука.
“Владата на Република ******* Македонија до почетокот на учебната година 2023 да ја промени содржината на учебникот по географија за 7 одделение, ЗАРАДИ НЕОСНОВАНИ етнички/територијални претензии”, пишува во Протоколот, наведува Милески.
Која е мистериозната научна група или научник кои процениле дека во учебникот по географија има македонски етнички претензии кон Бугарија останува тајна.