Каде беше власта на прославата за пречекот на олимпискиот вицешампион?

Според постовите на социјалните мрежи објавени од страна на државните функционери од СДСМ и ДУИ ниту еден од нив не учествувал на прославата по повод пречекот на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски од Токио.

Или учествувале а не објавиле никаков пост за тоа?

Меѓу државните функционери кои објавиле слики и постови од настанот го нема ниту Наумче Мојсовски кој предходно беше во Јапонија со сопругата и направи прием за Георгиевски во Агенцијата за млади и спорт каде е директор.

Што е причината за бојкотот на функционерите на СДСМ и ДУИ на вицешампионот е нејасно но има најмалку четири главни дилеми за нивното отсуство од убавиот настан пред триумфалната капија во Скопје.

1. Дали тие биле на прославата а не сакаат да објават јавно?

2. Дали им пречи тоа што на прославата се вееја знамиња со ѕвездата од Кутлеш?

3. Дали проблем е што еден од тренерите на Георгиевски е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел Дарко Костовски?

4. Дали Триумфалната порта како симбол на победите на Георгиевски е проблематична затоа што беше изградена од ВМРО-ДПМНЕ?

Последна вест

Резил меѓу народот што ги дал Кирил и Методиј

Македонски воз стана интровертен (ТВИТ НА ДЕНОТ)