Во видеото со докази за македонски изборен криминал италијанскиот весник Ла Верита, објавени се дел од Посебни Истражни мерки од кои се гледа како Зоран Заев, Вице Заев, Марјан Даскаловски и Зоран Георгиев од Јавното Претпријатие Комуналец Струмица, купувале гласови за избори.
Според Ла Верита обвинителството кое го раководи Вилма Рускоска го има целиот предмет, но за чудо, сеуште не го процесуира до судот
https://www.laverita.info/compravendita-di-voti-in-macedonia-fascicolo-sul-premier-caro-allue-2644908052.html
Лицето Зоран Георгиев од ЈП Комуналец Струмица е сопруг на Лорета Георгиева, која со ургенција на Заев стана член на Републичкиот Судски Совет а во Струмица овие две семејства важат за лични куќни и партиски пријатели на Заев.
Лице со истото име и презиме Марјан Даскаловски кое го споменува Ла Верита е член на СДСМ а бил пратеник од изборна единица четири.
Даскаловски бил член на собраниската Комисија за уставни прашања, член на
Законодавно-правната комисија, член на
Комисијата за одбрана и безбедност, и други комисии.
Во моментов лице со ова име и презиме е директор на Централниот регистер во Струмица.
Во видеото на Ла Верита се читаат делови од ПИМ мерки во кои се откриваат како течел изборниот поткуп со конкретни чекори на осомничените.
https://www.laverita.info/compravendita-di-voti-in-macedonia-fascicolo-sul-premier-caro-allue-2644908052.html
Најновиот текст на Ла Верита во продолжение
„Ла Верита“ објави докази за корупција и криминал: Се стеснува кругот околу Заев (ВИДЕО)