Кои се консултантите поради кои Пендаровски уште еднаш стана ,,Пишман аџија”

Претседателот Пендаровски тврди дека го сменил ставот за вето за законите за Бехтел и Енка по консултации со засега непознати луѓе и експерти.

,,По низа консултации донесов одлука да ги потпишам указите за петте закони за изменување и дополнување на постојни закони, кои се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10Д, познати како закони за проектот на државата со американско – турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“”, објави вчера Пендаровски без да открие кои се луѓето што му го смениле ставот и повторно го направија ,,Пишман аџија”.

Еден од оние со кои се консултирал сигурно е Александар Спасов професор по теоретски правни науки кој му е советник и истовремено член на раководството на СДСМ а неговиот татко професорот Људмил Спасов исти така е долгогодишен член на СДСМ и претседател на владиното тело ,,Совет за македонски јазик”.

Кои се другите луѓе кои според Пендаровски го убедиле дека законите за договорот со ,,Бехтел и Енка” се добри засега останува тајна.

Во отсуство на имиња многумина се сомневаат дека освен Спасов нема други експерти со кои се консултирал претседателот туку се работи за партиски претставници кои му рекле дека ако не ги потпише законите нема да биде кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ.

Најчитани статии

На граница на инцидент

За Зиков ,,Францускиот предлог” е балансиран, жестока дебата со Момироски (ВИДЕО)