„Владата на Македонија за првпат има 10 Албанци во својот состав. На 21 позиција на Владата, предводена од Димитар Ковачевски, ќе има 9 министри – Албанци од албанските партии и еден Албанец од македонската партија СДСМ. Новинарот Селајдин Џезаири рече дека останува да се види како министрите Албанци ќе го оправдаат своето присуство во извршната власт.’ – објави информативниот портал на албански јазик „Коха“.

„Коха“ пишува: „Но, опсегот на дејствувањето на министрите-Албанци, како и на целата Влада, како што вели Џезаири, ќе зависи и од околностите што ги носат пандемијата, социо-економската криза и енергетската криза, која, според него, ќе се продлабочува. ‘Моите очекувања се дека ќе се подвижи нанапред реализирањето на многуспоменуваниот проект ‘Коридор 8’, кој ги поврзува Македонија и Албанија. Може да има продори и во подобрувањето на инфраструктурата, особено во северозападниот дел на Македонија, населен со Албанци.’ – нагласува Џезаири.“

„Според него, сите достигнувања или неуспеси ќе ја динамизираат политичката сцена на Македонија.“