Видео од говор на бугарскиот претседател Ѓеорги Димитров покажува историја меѓу Македонија и Бугарија сосема разлика од таа што сега сакаат да ја наметнат бугарските власти.
Во говорот во бугарското народно Собрание во 1947 година Димитров зборува за потребата од обединување на Македонците од обете страни на границата, за изучување на македонскиот јазик за македонските деца во Бугарија, за испраќање на македонски учители во Пиринска Македонија и друго.
Од видеото може да се види дека не само што тогаш во Собранието немало противници на бугарската официјална политика туку дека Димитров добивал силни овации на сите негови тези.
Актуелните бугарски власти се плашат и се срамат од оваа историска вистина спротивна на нивната и прават се што можат да ја избришат од архивите и од официјалната историографија.