Шефот на рускиот Анти-воен комитет Михаил Ходорковски објавува фотографија на свештеници на Руската православна црква кои што благословуваат проектил на руската војска кој е означен како ,,Сатана” а кој може да убие стотици илјади луѓе.

Ходорковски кој е долгогодишен руски дисидент кој избега од Путин во Лондон вели дека нема почудна работа од руските свештеници кои миросуваат оружје кое може да биде и нуклеарно.


Руските медиуми пишува дека во историјата на човештвото до 2014 година кога е промовирана не постоело толку моќно оружје како „Сатана“, руска интерконтинентална балистичка ракета всушност се вика Р-36М2 Војвода.

Името „Сатана“ ѝ го дал НАТО кој ја вика СС-18 Сејтан 3.

За да се има претстава колку е оваа бомба разорна, ја споредиле со нуклеарната бомба фрлелна на Хирошима.

Бомбата фрлена на Хирошима имала сила од 15 килотони, а нејзината експлозија убила 70.000 луѓе.

Една ракета Р-36М2 носи до 10 боеви блокови од кои секој има сила од 750 килотони.

„Сатана“ е тешка дури 209 тони, многу е прецизна, и, како што тврдат руските медиуми, може да стигне до американските ракетни силоси.

Русија во меѓувреме го разви и наследникот на „Сатана“ – „Сармат“, кој е уште помоќен, побрз и поубиствен а има и подолг дострел.