Додека Западен Балкан се занимава со прошталната посета на Ангела Меркел, во Македонија потсетување на отровните стрели од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до ВМРО-ДПМНЕ што „барем со кисела насмевка“ не реагирала на „убавата вест“ од германската канцеларка за „добиениот почеток“ на преговори со Европската унија – минатата година?!

Македонија ни годинава го нема почнато преговарачкиот процес со ЕУ, со кој се пофали Шекеринска на граѓанската трибина во Маврово-Ростуше лани во јули (по 30. минута од видеото), барајќи од најголемата опозициска партија „да удри барем еден аплауз“ (?!):