Македонското етно-поп дуо „Некст тајм“ го промовира видеозаписот од својата изведба на песната „Кога падна на Пирина“ во чест на 107-годишнината од убиството на еден од најмаркантните ликови на Македонската револуционерна организација, Јане Сандански.

Војводата (нај)познат како Пиринскиот цар, автор на вонвременското мото „да живееш значи да се бориш, робот – за слобода, а слободниот – за совршенство“, е убиен на 22 април 1915 година во месноста Попови Ливади, Горноџумајско (денес Благоевградско), Пиринска Македонија.