Словенија се соочува со катастрофа од библиски размери, при што штетите од поплавите се проценуваат на повеќе од 500 милиони евра, а граѓаните на Македонија се прашуваат кога државава ќе им се оддолжи на Словенците за помошта при пожарите пред две години, за опремата против Ковид-19 што тогашниот премиер Јанез Јанша меѓу првите ја донесе во Скопје, како и за доделените 30.000 евра од Владата во Љубљана за поплавата во Стајковци пред седум години.