„Прашајте ме дали ми се допаѓа Северна Македонија. Не. Јас ќе сакав да се викаат Северна Алјаска, но веќе постоеше согласност за сложено име што ќе го содржи терминот Македонија, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во говорот на крајот од конференцијата за правните аспекти на Договорот од Преспа што се одржа вчера во грчкото МНР.

Тој објасни дека терминот со децении постоеше во преговорите и сметам дека е неетички оние кои дадоа завршени работи да се претставуваат како поддржувачи на име што нема да содржи „Македонија“

Како што јави дописиничката на МИА од Атина, Коѕијас за државјанството и за националноста, објасни која е разликата и што е вклучено во Договорот, а за јазикот повтори дека е признат како македонски во ОН уште во 1977 година.

За оние кои го критикуваат преспанскиот договор, рече дека „уште не сум ги слушнал да кажат што точно требаше да дадеме. И уште не сум ги слушнал да кажат што добивме и кој е балансот меѓу она што требаше да дадеме и она што требаше да го земеме“, рече Коѕијас и додаде дека „за противниците на Договорот, компромисот е пораз“, пренесе МИА.