Коѕијас: Преспански договор ги штити двете земји од турско влијание

Поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас порача дека спогодбата што тој ја потпиша во Нивици ќе ги заштити и Македонија, и Грција од влијанието на Турција.

„Прво, договорот ја ослободува Грција од тооварот и ја претвора во главен херој во поширокиот регион. Спогодбата дава можност за создавање стратешки односи со нашите соседи. Таа создава клима на доверба со нив. Таа исто така ги намалува можностите на турската елита да ја заградува Грција со комбинирани закани од исток и од север. Таа ги одвраќа дејствата на религиозните фанатични движења. Спогодбата ја подобрува безбедноста во регионот и најмногу во Грција“, го цитира Коѕијас грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

„Третата причина е што политичките и дипломатските активи на земјата веќе нема да бидат трошени за конфронтација со слаба земја. Договорот е израз на доверба во однос на иднината, а не на несигурноста од минатото.

Четвртата причина е што зделката е творечки комромис, кој има перспективи за заздравување и за прославување. Тој ги решава проблемите што доаѓаат од минатото, зошто историјата треба да е училиште, а не затвор.

Петтата и најважна причина е што спогодбата од Преспа ќе создаде услови за соработка во важни сектори за двете модерни општества“, истакна бивпиот шеф на грчката дипломатија.