Коѕијас: Подготвени сме за големиот чекор

Министерот за надворешни работи на Грција, денес на заедничката прес конференција во Виена изјави дека направени се подготовки да се направи голем чекор на следниот состанок со македонскиот колега Никола Димитров и со посредство на медијаторот метју Нимиц.

„Ги утврдивме деталите, со што се согласуваме и со што не се согласуваме. Ги идентификувавме главните прашања за секоја страна и се надевам дека на нашиот следен состанок ќе бидеме подготвени да направиме голем чекор“, изјави Коѕијас..


Грчки дипломатски извор ги брифирал присутните новинари дека денеска била направен чекор напред и дека „сме поблизу до решение“, пренесува „Ефимирида“ и дека дека ако има добар напредок во средбата на двајцата министри, најверојатно ќе биде закажан премиерски состанок.

Истиот извор посочил дека не е најважно да се најде име, туку тоа да биде erga omnes како и тоа да биде внесено во Уставот на Скопје, пишува грчкиот весник.