„Код“: Среќлии по 2 пати добивале награди од МојДДВ!?

За само два месеци, девет исти имиња со девет исти кориснички броеви добиле дневна награда од по 1.000, 2.000 или 3.000 денари во наградната игра МојДДВ, открива „КОД“ на Снежана Лупевска.

Еден жител на Зелениково, пак, добил месечна награда од 100.000 денари и по неколку денови уште една дневна награда од 1.000 денари.

Институциите без конкретен одговор која е веројатноста од милионите учесници, за само два месеци, деветмина да се двојни добитници, анализира емисијата на новинарката Снежана Лупевска Созен, КОД.

КОД, по своето детално истражување на добитниците кои се објавуваат секој ден, го поставува прашањето: Дупла среќа или софтверска грешка?