Емисијата Код открива неверојатни врски со државни бизниси вредни десетици милиони евра кои водат до највисоките функционери на ДУИ.
Во емисијата на Снежана Лупевска се откриваат линкови за кои јавноста не знае а на луѓе блиски на лидерот и на партијата ДУИ Али Ахмети им носат десетици милиони евра народни пари.
Во емисијата се прави органограм на инволвирани лица кои станаа добро познати на јавноста по корупциските афери кои досега одлично биле криени од институциите а од кои се заработуваат огромни пари.
Меѓу споменатите се Али Ахмети, спикерот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Артан Груби, пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски и неговиот син, директорот на Лотарија на Македонија Прпарим Бајрами, зетот за ќерка на Ахмети ….
Целата емисија Код