Емисијата КОД на Снежана Лупевска Созен открива нова голема владина афера вредна 20 милиони евра.
Засега никој не ги гони крадците на државни пари.
Четврток, самрак. Сонцето заоѓа, се поблиску е полноќ. Кога цената на мазутот ќе се зголеми за 1,183 денари за килограм. Приказната не е за Пепелашка, ама во трговијата со мазут за државните енергетски капацитети, има многу сличности со оваа детска сказна. После полноќ добиваат повеќе пари оние коишто помалку мислат на парите на граѓаните исплатени преку буџетот.
Во приказната има и принц кој ја спасува хероината од лошите и злобни маќеа и полусесетрите. Во македонската мазут верзија на Пепелашка, принцот би требало да биде обвинителството односно обвинителот за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази. Но, ниту обвинителството не прави ништо за да ги заштите парите на граѓаните.
Мазут-пепелашка на полноќ пред ТЕЦ Неготино
На 6-ти април околу 19:00 часот се приближуваме кон ТЕЦ Неготино, само неколку часа претходно Регулаторната комисија за енергетика објави дека цената на мазутот е зголемена. Кон ТЕЦ одиме поради претходно добиените информации дека при секое зголемување на цената се случува ситуација, цистерните со мазут да стигнат пред капиите на ТЕЦ-от и потоа да чекаат до полноќ да почне да се користи новата цена за да влезат внатре. Македонските камионџии биле убедувани да чекаат и по неколку часа до полноќ со тоа што им биле давани по 25 евра. Парите ги давал човек со голф кој пред капиите на ТЕЦ чекал и им кажувал и на возачите на цистрените да чекаат за тие 25 евра.
Повеќе детали на Код