Пожарот кој речиси цел ден му се закануваше на Кочани, веќе го зафати градот, а огнот веќе зафатил куќи во неколку населби. Жителите во паника се обидуваат да ги спасат своите имоти.

Градоначалникот Николчо Илиев за „360 степени“ изјави дека голема опаснот за градот има од три страни. Огнот се гасне со пет противпожарни возила со колку и располагаат, а едно возило изгорело.

Илиев вели дека помош не добиваат зашто има повеќе пожари во регионот.