Коалициските „приврзоци“ на СДСМ повикуваат граѓаните масовно да излезат на 31 октомври

Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН стои цврсто во коалицијата предводена од СДСМ, „која е авангарда на идејата за Едно општество и дека коалицијата предводена е СДСМ“ и апелираат на 31 октомври граѓаните масовно да излезат и гласаат за кандидатите за градоначалници на СДСМ и коалицијата, со цел да нашата земја продолжи по патот на стабилноста и општествената кохезија, кон полноправното членстово во ЕУ.

И Партијата на пензионери демантира дека владиното мнозинство е доведено во прашање и преку соопштение до јавноста вели дека тоа е стабилно. Ги повикуваат сите нивни членови и симпатизери, да ја подржат коалицијата предводена од СДСМ и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата  „Најдоброто за мојата општина“ со што ќе дадат свој придонес во просперитетот на земјата.

Демократскиот сојуз на Власите ги нарече „замајување на јавноста“ последните шпекулации околу стабилноста на владината коалиција и информира дека коалицијата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните.