Пратенииците на коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе присустуваат на утрешните 32-ра и 36-та седница што ги закажа спикерот Талат Џафери, кој инсистира прво да се одржи седница за закони за вакцини и национална стратегија за борба против корупцијата наместо приритетната седница за петиот сет економски мерки.

„Само да информираме дека утре ќе влеземе и ќе обезбедиме кворум и на 32-та ако спикерот инсиситра на тоа за да се гласаат мерките.

Значи одлучивме да го демаскираме спикерот и да не му дадеме никаков повод за оправдување, велат од АА/А, пренесува „Телма“.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира приоритет да се даде на 36-та седница на која треба да биде изгласан петтиот пакет мерки за стопанството, што граѓаните и компаниите со нетрпение го очекуваат

Пратениците од СДСМ, како што јави порталот СакамДаКажам,најави дека утре на седница во скафандри ќе ги донесат колегите кои се во самоизолација за да се обезбеди кворумот од 61 пратеник.