Кнаус: Удар врз македонскиот идентитет, ќе биде трагичен за ЕУ, Македонија и Бугарија

Еден од највлијателните европски лобисти за проширување шефот на Европската Иницијатива за Стабилност Гееалд Кнаус пластично го споредува спорот меѓу Бугарија и Македонија.

“Замислете Германија да инсистира дека “Австрија има германски корени” и да се заканува со тензии ако Виена не се согласи. Шведска да го прави истото на Норвешка. Чесите да го прават истото на Словаците”, пишува Кнаус.

Според Кнаус тоа е апсурдно но тоа се случува од страна на Бугарија која го демолира кредибилитетот на балканската политика на ЕУ.

“Не е нормално различните погледи на идентитетот да се претворат во теми за преговори за членство во ЕУ. Ако Бугарија инсистира тогаш тоа значи нема да има преговори за членство. Не сега не било кога повеќе”, заклучува Кнаус кој е важен фактор во одредувањето на европската и германската политика кон Балканот, Турција и проширувањето.

Според него Грција и Македонија се согласија на компромисно име но никој немаше да може да бара промена на македонскиот идентитет.

“Доколку оваа тема не е надмината кредибилитетот на политиката за проширување на ЕУ ќе колабира во 2020, во рамки на германското претседателство со ЕУ. Во време кога веќе постои огромна нестабилност низ цела ЕУ. Тоа ќе биде трагично за ЕУ, за Македонија и за Бугарија”, заклучува Кнаус.

Во својата објава шефот на ЕСИ ги прозива германскиот претседател Штајнмаер, министерот за надворешни работи Хајко Мас, новинари на Политико и Франкфуртер Алгемајне Цајтунг , државниот секретар за Европа во германското МНР Михаел Рот како и Европскиот совет за меѓународни односи.