Клубот „Цар Борис III“ од Охрид поднел барање за пререгистрација до Централниот регистар и нивното барање е во процедура, согласно рокот предвиден со измените на Законот за здруженија и клубови кој истекува утре.
Но, тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур.
Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.
Средбата е на барање на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија.
Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување.
