Познатиот бугарски бизнисмен, доктор и музичар Милен Врабевски ги финасираше отворањето и функционирањето на бугарскиот клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола и новоотворениот бугарски клуб ,,Цар Борис Трети” во Охрид.
Тој е основач на Фондацијата „Бугарска меморија”, а во Македонија неговото име стана актуелно кога лани во мај овозможи македонски граѓани да бидат вакцинирани против Ковид-19 преку неговата компанија ,,Комак Медикал” на граничните пунктови Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село.
-Има над 120.000 граѓани со бугарски пасоши во Македонија и ние бевме должни да им помогнеме –изјави тогаш тој за бугарскиот портал БНТњуз, откривајќи дека за неколку месеци се вакцинирале над 5.100 лица.
