Клетви за најмилото и пцости кон министерката Тренчевска, скратена помош за најсиромашните

Грозоморни клетви за најмилото на министерката и пцости од страна на приматели на социјална помош откако Министерството за труд и социјална политика информира дека започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2022 година.

,,Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 август 2022 година”, пишува во објавата на МТСП во која нема ниту збор дека од месецов се намалуваат по 1000 денари за корисниците на социјална помош што предизвика огромен револт и непримерни клетви за министерката и нејзиното семејство.

Дел од реакциите кон министерката Јована Тренчевска од социјалните случаи кои се бесни што примаат по 1000 денари помалку во услови на најголема криза.

Сиромав народ силна влада…
А сакате да одите во Европска Унија 🙃
Зголемувате минимална плата, а со тоа на 80% од луѓето по АВТОМАТИЗАМ и го кратите ДЕТСКИОТ ДОДАТОК! а да не зборуваме за 100% покачување на потрошувачката кошничка.Za sramota!

Глупи едни. Како не ви е жал кратите од социјалците срами едно лопови

Повеќе коментари во слајдовите

Целиот статус на МТСП

https://www.facebook.com/100064241936830/posts/pfbid02aBP9n9eWPGVeidtiZV8ijHFUJr1chbzY51nG6mf594TufzkkxuihLZHuxzwMuCuml/