Клековски: Тешко до решение за евроинтеграции без избори

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Клековски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нуди опции  и решенија со цел заштита на националните интереси, но дека СДСМ го одбива тоа.

„Мислам дека во овој момент многу тешко дека ќе дојдеме до план за решение за европските интеграции без избори.

Бидејќи е јасно дека понудената опција, сега веднаш да се формира нова влада и таа нова влада донесе уставни измени со одложено дејство, но очигледно тоа не е прифатливо како што не беа прифатливи и претходните предлози на ВМРО-ДПМНЕ.

Така да ми се чини дека во овој момент станува извесно дека решение без избори е скоро невозможно без разлика што ќе се случува“, рече Клековски во гостување на „Сител“.

Клековски вели дека се поставува прашање дали воопшто СДСМ и ДУИ водат сметка за државата и државните интереси или поважни им се  теснопартиските интереси.

„Основата на разликите во позициите е дека СДСМ и ДУИ се во европски фронт за Македонија дека тие водат сметка за државните интереси, а дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападно под влијание, дека не е за ЕУ.

Навистина е жално сериозна партија да убедува пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во корист на ЕУ интеграциите кога ние сме убедени во користа на европските интеграции“, вели Клековски.