(…)

Поставеното прашање во иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за одржување референедум јасно укажува дека се однесува за Договорот со Бугарија, а не на преговарачката рамка со ЕУ, не е за ЕУ и во ниту една смисла не е антиевропско, пишува Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во колумна за Нова Македонија.

Првата последица на успешен референдум ќе биде дека Собранието ќе треба да ја укине ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, што претставува рамка за Владата за напуштање на Договорот и повторно преговарање со Бугарија.

„Покрај очекуваните напади – вели Клековски – за анти-ЕУ и антиевропскиот карактер на максимален погон се шири дефетизам дека референдумот нема да биде успешен бидејќи „немало шанси 900.000 граѓани да излезат на референдумот“.

Дефетизмот се поткрепува со бројки на излезност на локални, претседателски или други избори. Јасно е дека кога една од партиите не поддржувала референдум не се постигнувала доволна излезност. Но, ова е прашање од кое не се засегнати само гласачите на една партија, на ВМРО-ДПМНЕ, туку се засегнати сите гласачи, така што во овој случај се очекува соодветна излезност.

Кога се зборува за неуспех на референдумот, неговите најголеми опонент, не говорат за резултат на референдумот туку за излезноста.

Оттука, самите опоненти признаваат дека големо мнозинство граѓани се против францускиот предлог и негативните последици на Договорот за добрососедство.

И додека нѐ уверуваат во неуспехот на референдумот, власта веќе одлучи да не го допушти референдумот и, преку Талат Џафери, тврди дека е противуставен.

Доколку референдумот биде неуспешен, од што е исплашена власта?

Бидејќи неуспешен референдум ќе биде голем удар за иницијаторот ВМРО-ДПМНЕ. Дали спречувањето на референдумот говори за исплашеноста на власта дека референдумот ќе биде успешен и ќе има јасна одлука на граѓаните? И јасен мандат и за Владата, и за ВМРО-ДПМНЕ да се спречат негативните последици од Договорот за добрососедство.

И начинот на спречување на референдумот многу говори за исплашеноста на власта.

Власта, преку ДУИ и Талат Џафери, претседател на Собранието, го суспендира Собранието, каде што две собраниски комисии и пленарното заседание се единствени надлежни за одлука за иницијативата, и се прогласува за Уставен суд, бидејќи само Уставниот суд може да цени уставност…пишува Клековски.