„Со таква историја на пописи каква што имаше Македонија, бојкотиран попис во 1991 година, повторен во 1994 година, оспоруван попис во 2002 година, прекинат неуспешен попис во 2011 година, не зачудува што пописот од 2022 година е за сѐ, само не за статистика. Пописот во Македонија, каде што одредени етнички права се поврзани со бројноста, е поле за меѓуетничка пресметка.“ – вели Сашо Клековски, аналитичар и Авторот е аналитичар и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во својата колумна со наслов „Попис за сѐ само не за статистика“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Во колумната Клековски изнесува лични ставови.
Тој пишува: „Од 2014 година, со барањето на тогашната опозиција СДСМ пописот да биде една од петте точки за политички дијалог, пописот се претвори и во поле на меѓупартиска пресметка. Дека пописот е за сѐ, само не за статистика, стана јасно уште од донесувањето на законот и утврдувањето на методологијата. СДСМ, кој во 2014 година како опозиција инсистираше на политички дијалог за пописот, како власт го донесе Законот за попис без консултација со опозициската ВМРО-ДПМНЕ и наспроти укажувањата за проблемите во методологијата на пописот. Клучниот проблем е како да се одбегне пописот да не биде поле за меѓуетничка пресметка, како да се одбегне играта на добитници и губитници. Особено бидејќи пописот во 2011 година беше прекинат поради тие причини.“
„Некои од можностите тоа да се постигне се преку употреба на непристрасен модел – попис заснован на регистри, или да решиме да не се попишува етничка и верска припадност, а етничките права да се засноваат на пописот од 2002 година. СДСМ и ДУИ се одлучија да се попишуваат нерезиденти, што е целосно бесмислено, Македонија има регистар на македонски државјани, нема потреба да се попишуваат. Оваа операција исклучиво е наменета да се зголеми бројноста на етничките Албанци, поради посилната емиграција од северозападниот дел на земјава.“
„Фактот дека Заводот за статистика бришел, додавал и преместувал, врз основа на регистри како здравствено и пензиско осигурување, данок и слично, како и глупавите грешки во податоците за верска припадност, го поттикнуваат постојниот сомнеж во пописот. Дали има други лица што се двојно попишани, попишани во резиденти, а не треба, дали има непопишани? Со колкав процент на непопишани може да се смета пописот успешен? Дали сомнежите се исклучиво од меѓуетничката и меѓупартиската недоверба, или сепак има методолошки и оперативни пропусти?
„Брзата честитка од ЕУ за добро спроведениот попис не ги намали сомнежите, туку, напротив, ги зголеми. ВМРО-ДПМНЕ, но и коалициските партнери на Владата, бараат нови мерки за подобрување на пописот. Дали Владата на СДСМ и ДУИ ќе покаже доблест и ќе ги прифати барањата, или ќе се одлучи да продолжи да тврди дека пописот е успешно спроведен? Неприфаќањето на иницијативите само дополнително ќе ја загрози доверливоста во пописот, но ние и онака триесетина години живееме со пописи во кои многумина не веруваат.“
Интернет-врска до целата колумна:
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/popisot-za-s%d1%90-samo-ne-za-statistika/