Би започнал поинаку малку, со изјава дадена од страна на Алијанса на Албанците насочена кон ДУИ а тоа е, злоупотреби, приватизација, корупција на институциите ги преминува сите граници. Ова е изјава на Алијанса за Албанците од пред неколку недели специфично посочувајќи го ДУИ како извор на злоупотребите, приватизациите и корупцијата на институциите, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“.
„Како и да е, јас бидејќи лично познавам многу луѓе од Алијанса на Албанците би им порачал да видат како помина Алтернатива во коалицијата па размислат што добиваат и што губат во една таква коалиција“, порача Клековски.
Тој посочи дека очигледно во политичките партии има кратка меморија и дека тоа што Алијанса на Албанците еднашка беше предадена од СДСМ и ДУИ не е доволна поука за Алијанса на Албанците.
„Можно е да е маневар, но би упатил на претходна историја бидејќи Алијанса на Албанците и ДУИ беа во една Влада и имаа лоша меѓусебна историја и имаше реакција од огнената група. Можеби е маневар на ДУИ за зачувување на мнозинството во парламентот и во случај да незадоволни пратеници од ДУИ од состојбите во ДУИ излезат од парламентарното мнозинство или пак не гласаат за сите одлуки што ќе ги даде Владата“, кажа Клековски.
Клековски посочи дека ДУИ беше една од причините за напуштање на коалицијата од страна на Алијанса на Албанците.
„Да потсетам дека ДУИ беше една од причините за напуштање на коалицијата од страна на Алијанса на Албанците на потсетување во 2017-та година Алијанса на Албанците беше дел од Владата и покрај ДУИ втората причина за напуштање на Владата беше изборната соработка на СДСМ со ДУИ на локалните избори бидејќи СДСМ ги поддржа кандидатите на ДУИ против кандидатите на Алијанса на Албанците. Лично го поддржаа Бејта против Таравари во Гостивар“, рече Клековски.