Кларк: Путин чека шанса да започне војна на Балканот

Пензионираниот американски генерал кој пред 20 години командуваше со воената кампања против Југославија предупредува дека рускиот претседател би можел да предизвика нова војна на Балканот.

Според неговите зборови, Путин „ја чека својата шанса“.

Весли Кларк за РТК оценува дека Балканот е еден од регионите кои рускиот претседател, Владимир Путин, може да ги претвори во кризно подрачје.

Според него тоа е “криза која чека момент“, и кога ќе му затреба на Путин – ќе ја започне.

„Можеби во Косово, можеби во Украина, е можеби во балистичките земји“, прецизираше Кларк.