Кафетериите и рестораните да го скратат работното време до 18 часот и да го преполоват капацитетот на присутни гости, за да има дистанца меѓу нив.

Ова е една од мерките што ќе ѝ ги предложи министерот за здравство Венко Филипче на Владата.

Се препорачува меѓу гостите на локалите да има оддалеченост од 1,5 до 2 метра, нагласи Филипче на денешната прес-конференција.

Тој кажа дека се затвораат и сите места каде што се собираат граѓани, како вежбалници, кина, театри и обложувалници, а се откажуваат и сите кино-проекции, театарски претстави и концерти.