Академик Катица Ќулавкова жестоко реагира по соопштувањето на резултатите од пописот.
„Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Северна Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја. Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми…
Ако се следи ‘патот на парите’ (т.е. патот на моќта и надмоќта), лесно е да се утврдат мотивите и креаторите на оваа фарса. Оние кои располагаат со резултатите од пописот од 2011 нека ги обелоденат јавно, па ќе се види, низ споредба, како е режиран овој варварски попис. Фактите од непризнатиот и осуетен попис од пред 10 години ќе го демистифицираат овој криминал, ќе покажат зошто се дава легитимитет на нелегитимните политики, зошто се навестува меѓународна поддршка на нешто кое треба да биде предмет на жестока критика и осуда. Под претекст на европски вредности во Македонија се спроведуваат неевропски политики.
НЕ ГО ПРИЗНАВАМ ОВОЈ ЛАЖИРАН ПОПИС. Тој е само уште еден доказ дека во Македонија се води уникатна и немилосрдна хибридна војна“, коментира Ќулавкова на Фејсбук.