Љубомир Ќучуков, директор на бугарскиот Институт за еконоимија и меѓународни односи, оценува дека Бугарија направила грешки во односите со Македонија, кои резултирале со можеби и дефинитивна победа на македонизмот.

„Заклучокот е само еден – победи македонизмот. Можеби дефинитивно. И денес од намерно подметната државна доктрина се претвори во национално верују, кое го делат голем дел од граѓаните на РСМ. Главна заслуга за тоа имаат бугарските политичари во последните години. Тоа што во Скопје грешат за историјата не значи дека ние во Софија се однесуваме паметно во политиката. Затоа што ние продолжуваме да мислиме за Македонија како територија, а не како народ. А македонизмот е идеологија која се бори за свеста на луѓето и поставува бариери меѓу нив. И токму тоа се случува“, изјави Ќучуков во интервју за бугарскиот весник „24 часа“.

За повикот од претседателот Стево Пендаровски за прогласување на европратеникот Александар Џамбаски за непожелна личност во Македонија, заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија од 2005 до 2007 година со став: „Доколку некој политички лидер од соседна земја дојде во Софија и јавно објави дека Бугарија нема право да постои и ѝ припаѓа на неговата земја, тоа со право би се сфатило како провокација. И кај нас би разгорело силни политички страсти, од кои најрадикални би биле токму оние политички формации кои истото го прават во Скопје“.

Според Ќучуков, „и именувањето на културните институции на македонските граѓани во Северна Македонија по бугарски историски личности поврзани со учеството на Бугарија во Втората светска војна на страната на хитлерова Германија не помага во развојот на позитивни билатерални односи – напротив, тоа е повод за дополнителна тензија и напади врз Бугарите во РСМ“.

Главниот советник во Секретаријатот за европска интеграција при Владата на Бугарија од 1996 до 1997 година со критики и за бугарската дипломатија.

„Дипломатијата е инструмент на политиката. А бугарската позиција стана заложник на одлуката на една влада чија надворешна политика беше конјуктурна, хаотична, непрофесионална. Како резултат на своите несоодветни постапки (барам најблага можна формулација), Бугарија ја загуби сета своја предност како земја-членка на ЕУ, паѓајќи во целосна изолација по ова прашање во рамките на Унијата. Бугарската дипломатија успеа да ја извлече бугарската политика од оваа непријатна состојба, но не може да излезе надвор од политичките рамки што ѝ беа поставени“, смета тој.

Ќучуков во овој контекст додава дека „со блокирањето на почетокот на преговорите со Албанија и со РСМ, Бугарија си затвори многу европски врати на кои би можела да тропне за поддршка за влез во Шенген – затоа што двата случаи се гледаат како огледала кога една земја го запира спроведувањето на паневропските политики“.