Физибилити студијата за Попова Шапка, во која успеа да има увид Алсат М, препорачува јавно-приватно партнерство како решение за овој туристички центар. Студијата предвидува и можност за трансфер на хотелите во сопственост на приватен партнер, а ски-лифтовите да останат во сопственост на ЕЛЕМ.

Во студијата е дадена и можноста за продажба на Попова Шапка, дознава Алсат М.

Како што дознава Алсат, студијата предлага со Шапка да се управува преку концесионирање, самостојно инвестирање, продажба или јавно-приватно партнерство, по што Владата ќе одлучи за една од опциите.

При презентацијата на физибилити студијата на новинарите не им беше дозволено да учествуваат, со образложение дека тоа не го дозволува компанијата која ја направила студијата, забележува Алсат М.