„Судскиот совет со внимание го следи случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18 годишната затворска казна на Основниот суд Велес за сообраќајна несреќа со смртни последици е намалена на 8 години. Заради големата разлика во изречената казна, Советот најавува дека по годишните одмори ќе го испита овој случај“ – соопштија од Судскиот совет.

Се работи за пресудата на велешанецот Ангелче Николов на кој му беше намалена затворската казна од 18 на осум години затвор, што претходно му ја досуди Основниот суд Велес.

Тој пијан и возејќи со голема брзина ја прегази 11 годишната Магдалена Иванова на пешачки премин, ја повреди нејзината мајка, не укажа помош, избега од местото на настанот и се криеше од полицијата!

Намалувањето на затворската казна деновиве предизвика жестоки реакции во јавноста.

Од Судскиот совет, апелираат до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, пренесе Слободен печат…