Ќе ,,пукне” ли пак: Пред да се соочи со тешки 9 прашања Ковачевски во контрола на јајца (ФОТО)

Пред да се соочи со тешки 9 теми на пратеничките прашања кои ќе се одржат утре премиерот Ковачевски денеска контролира јајца, ориз, шпагети, макарони чија цена е ограничена од владата за неколку денари.

Откако ќе ги исконтролира цените на јајцата Ковачевски треба да се подготви за девет прашања од опозицијата кои ќе бидат поставени утре во парламентот со него и до владата.

Тие пратеници што ќе постават прашања во име на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија се веќе познати а извесно е дека премиерот нема да има лесна задача да одговори како што е тоа пипкање леб или јајца пред камери.

На фотографијата имињата на пратениците на кои Ковачевски ќе треба да им даде одговор утре ако се појави во собранието.

На последните пратенички прашања Ковачевски ,,пукна” од притисокот на прашањата и невоспитано ја навреди пратеничката Бети Стаменковска Трајковска индиректно нарекувајќи ја ,,ружна” по што и се извинил на Прочка.

Меѓу тие што утре ќе му поставуваат прашања е токму Бети Стаменковска Трајковска.

Поврзана вест

Минатиот пат Таче пипкаше леб, дали сега ќе пипка јајца ќе ни кажат снимателите

Откако прослави ,,голем” јубилеј 3 години НАТО уште еден ,,силен” настан на премиерот