Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го свика својот кабинет на втор кризен состанок за два дена, откако избија масовни немири низ земјата.
Средбата ќе се одржи во време кога десничарските и крајнодесничарските политичари бараат прогласување вонредна состојба.
Вонредната состојба им дава посебни овластувања на властите кога се смета дека институциите во земјата се „под закана“.
Ова и овозможува на владата да воведе полициски час, да забрани собири и јавни настани.
Размерите на уништување забележани ширум Франција утринава веројатно ќе ги поттикнат повиците за вонредна состојба.
Но, потпретседателот на Сенатот, Роџер Каручи, веќе објави на Твитер дека непрогласувањето вонредна состојба би било „грешка“.
Претходно, вонредна состојба беше прогласена од претседателот Жак Ширак за време на немирите во предградијата во 2005 година. Ова беше првпат да се објави оваа мерка по 50 години.
Десет години подоцна, француската влада прогласи вонредна состојба по терористичките напади во Париз во 2015 година. Мерката траеше две години.
Вчера неколку владини министри изјавија дека не се размислува за вонредна состојба.
