Османи го призна новото лудо барање од Софија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Алсат-М призна какво неверојатно барање пристигнало од Софија во пресрет на потпишување на документот кој го најави премиерот Заев.

Според Османи од Бугарија до Македонија официјално е предложено во новиот документ анекс на договорот од пред 3 години да стои дека македонскиот јазик е заснован на западнобугарскиот дијалект.

Реално, таа формулација е официјално предложена од Бугарија како решение на еден од КОРЕПЕР-ите (состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ) пред одржување на Советот за општи работи на ЕУ – дека доколку ние ја прифатиме историската реалност, Бугарија ќе ја прифати сегашната реалност. Меѓутоа, мислам дека тој став во моментот е рефлексија на недовербата создадена од Договорот и од процесот кој сме го создале. Бидејќи во право се тие што велат дека Договорот не ја предвидува оваа тема за разговори. Договорот предвидува дека историските комисии ќе ги разгледаат историските аргументи како основа за заедничко одбележување и градење на доверба“, вели Османи.

Ова барање на Софија досега не било предмет на официјален разговор ниту е опфатено со Договорот за пријателство потпишан во 2017 година.

Доколку Македонија го прифати ова барање тоа ќе значи дека се откажува од македонскиот јазик како основен столб околу кој се формирала македонската нација.