Каков сака нека е, лажго, опортунист.. има сериозна шанса човек кој го обвини Заев дека бил главниот рекетар во скандалот Рекет да умре откако беше претепан во затвор.
Ова го пишува новинарот Цветин Чилиманов откако денеска беа објавени информации за тешката здравствена состојба во која се наоѓа Бојан Јовановски алијас Боки 13.
Неговиот адвокат тврди дека тој е во опасна ситуација затоа што немал соодветен лекарски третман во затворот каде беше претепан пред неколку недели.
Во лекарскиот извештај на специјалисти од областа е наведено дека ваквото влошување на здравствената состојба е резултат на неспроведувањето на терапијата и медицинскиот третман кај пациентот. На ден 31.10 2022 година ваквата состојба е констатирана и од стручниот колегиум на клиниката за гастрологија – вели адвокатот Туфегџиќ
Бојан Јовановски-Боки 13 итно е пренесен на Клиника и задржан е на болничко лекување, објави порталот А1он повикувајќи се на изјавата на неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.
Туфегџиќ вели дека Јовановски е задржан на лекување во хируршката клиника откако неговата состојба се влошила иако и самиот Боки 13 реагирал претходно и барал прекинување на издржувањето на казната затвор пред кривичниот судот, но тоа не му било прифатено поради тоа што затворскиот лекар тврдел дека тој во затворот ја добивал потребната нега и немало потреба од болничко лекување.
Состојбата на Боки 13 е животозагрозувачка. Гастроскопијата покажа дека има четири нови улкуси и постои опасност од отстранување на желудникот, но и покрај наодите на лекарите, судот поклони верба на медицинскиот наод и мислење на домскиот лекар од КПУ Идризово во кој ваквите факти се квалификувани како хипотетички претпоставки – изјави адвокатот Туфегџиќ за порталот А1он.
Минатиот месец Боки 13 беше претепан во затворот, а поради влошена здравствена состојба и претходно беше на дополнителни прегледи на Клиника.т лекар од КПУ Идризово во кој ваквите факти се квалификувани како хипотетички претпоставки – изјави адвокатот Туфегџиќ за порталот А1он.