Новите цени, кои произлегуваат од одлука на Владата, ќе се применуваат кога решението ќе се објави во Службен весник и ќе влезе во сила, информираат од МВР за „360 степени“.
Колку граѓаните ќе треба да платат за НМК регистарска табличка
До февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција.
Цената на пасош за лица до 27 години ќе остане непроменета, односно 1.500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2.000 денари.
Цената на личната карта ќе изнесува 310 денари, што е зголемување за 120 денари. Цената на возачката дозвола ќе изнесува 410 денари, што е зголемување за 130 денари.
Цената на добивање пасош по итна постапка ќе изнесува 6.100 денари, или поскапо за 1.600 денари.
Вадење возачка дозвола по итна постапка ќе изнесува 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари.
Од МВР информираат дека промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот кој се врши од страна на странски економски оператор, како и набавка на нови машини поради замена на веќе дотраените…
