На прес-конференцијата на адвокатот Еленко Миланов, бранител на Орце Камчев во случајот „Плацеви на Водно“ откриени низа причини поради кои обвинителката Лиле Стефанова треба да биде разрешена.
“Фактот што ви го наведов е дека единствено обвинетиот Јордан Камчев како петтообвинет се наоѓа во притвор и околностите коишто произлегоа на последните рочишта во однос на тоа дали оваа постапка воопшто можела да биде покрената и овој обвинителен акт да биде поднесен поради процесни грешки околу отсуството и неможноста во кој било момент г. Никола Груевски да даде свој исказ.
Морам да напоменам дека не е интенцијата да ги застапуваме, барем јас како бранител и колегата којшто ќе дојде во текот на оваа прес-конференција, интересите на г. Никола Груевски, но самата постапка и самото кривично дело е така поставено што без постоење на лице за коешто се тврди дека прибавило на некој инкриминиран начин парични средства и потоа тие парични средства се пуштени во одредени топови не може да продолжи ниту постапката во однос на кое било лице коешто се обвинува со правна квалификасија за перење пари од членот 273 од Кривичниот законик”, изјави адвокатот Миланов.
Во продолжение целата изјава и одговорите на прашањата на новинарите:
Неспорен факт е дека оваа постапка што стои во документацијата во судот е започната со наредба за спроведување истрага донесена на 16 октомври 2020 година. Во моментот кога со оваа наредба како посебен предмет е отворена постапка г. Груевски не се наоѓал во Република Македонија и не можел воопшто да биде сослушан во врска со овој предмет, а одредбите од членот 300 став 1 од Законот за Кривична постапка изрично содржат одредба согласно која јавниот обвинител со наредба ќе ја прекине истражната постапка ако осомничениот е во бегство или недостапен на државните органи. Со правилна примена на оваа одредба сите сте сведоци дека г. Груевски ниту беше обвинет во предметот „Организатори“ за 27.04. ниту, пак, има поднесено каков било обвинителен акт од моментот кога тој се наоѓа во отсуство за некој предмет што не е поведен претходно и во кој истиот нема дадено своја изјава. Обврската на обвинителот да изврши распит на лице за коешто би поднело одбвинителен акт во постапка во која се води истрага или тоа е постапка каде што може да биде изречена казна над пет години со оглед дека сите други постапки во рамките на скратената поскапка ја немаат таквата обврска за обвинителството исто така не е испочитувана.
Во пописот на списи доставен со поднесениот обвинителен акт обвинителката којашто го застапува предметот има доставено изјава земена од г. Никола Груевски во 2015 година пред Основното јавно обвинителство – Скопје. Ваквата изјава прво носи ознака РО, број што значи дека станува збор за предистражна постапка. Земена е во Основното јавно обвинителство, коешто согласно Законот за Јавно обвинителство што важеше во тоа време, а ниту, пак, согласно одредбите на сегашниот закон за Јавно обвинителство, не спаѓа во надлежност на Основното јавно обвинителство за тоа да може да води постапка или да врши распит во однос на правната квалификација перење пари. Оваа правна квалификација е во исклучива надлежност на Основото јавно обвинителство за гонење органииран криминал и корупција. Во пописот оваа изјава од Основото јавно обвинителство стои со друга назнака – КО, број што значи дека е водена истражна постапка. Ооние коишто од вас беа присутни на последното рочиште можеа да посведочат дека обвинителот сакаше тоа да го оправда како техничка грешка. Сметаме дека станува збор за искусен и доволно стручен јавен обвинител за ваква техничка грешка да не може да му помине низ рацете. Дури и да е тоа техничка грешка, таквата техничка грешка мораше да биде отклонета во моментот кога предметот сè уште се наоѓа во фаза на испитување на обвинителниот акт. Тоа не е сторено, дури откако во таа насока бранителот на г. Никола Груевски по службена должност го увиди тоа и потенцираше преку негов писмен поднесок, доаѓа ваквото образложение на јавниот обвинител кој го застапува овој предмет, а првостепениот суд во конкретниот случај, иако нема дури ни услови да може во однос на тоа лице да биде поднесен ваков обвинителен акт, за ваква правна квалификација донесе решение за судење во отсуство, со што исто така сметаме дека направи една голема суштествена повреда на оваа постапка. Навистина, основниот проблем и основниот пех во овој предмет и постапувањето би се свел на застапникот на обвинението и на Советот за оценка на обвинителниот акт, но сметаме дека и овој совет не може дозволи да се води постапка на чиј крај ќе треба да констатира дека се води постапка во однос на првообвинетиот (се тврди дека недозволено пуштил средства во некаков оптег, односно средства прибавени со казниво дело), која на крајот треба да заврши со тоа дека не можело ниту да почне да се води поради процесни пречки. Тоа го бара и економичноста на постапката и едноставно процедурата на постапување пред судовите.
Го потенцираме фактот дека само г. Јордан Камчев се наоѓа во притвор, фактот дека оваа постапка се поведува од застапникот на обвинението со ваква изјава којашто потекнува од 2015 год.
И тука би сакал посебно да потенцирам еден момент што се однесува конкретно и директно на г. Камчев и неговата мајка Ратка Камчева, а тоа е дека распитот на Никола Груевски пред Основното јавно обвинителство е направен на 31. 8.2015. Дествијата што се ставаат на товар како евентуално учество во прикривање, на кој било начин располагање со средства на некое казниво дело за г. Јордан Камчев и Ратка Камчева се однесуваат за период од 20.07.2015 заклучно со 21.10.2015. Апсурдно е да се смета дека на 31.8. 2015 можело да биде земена изјава од г. Никола Груевски за нешто што би се случувало во наредните два и пол месеци. Тоа е она за кое сакавме да ве запознаеме како медиуми во однос на процесите и правните проблеми во одбраната на Јордан Камчев. Ги увидовме во списите на овој предмет и во конкретната постапка водена пред Обвинителството и којашто почнува пред Основен кривичен суд.
Новинарско прашање:
Ова е во суштина втора гаранција понудена за г. Јордан Камчев со оглед на тоа што едната гаранција е одбиена. Втората гаранција, поради укажување на јавниот обвинител, односно оспорување на можноста на лица коишто би можеле истата да ја понудат, е повлечена од нас како негова одбрана, по што де факто на таа гаранција воопшто не е одлучувано. Станува збор за втора гаранција, а сето тоа се надевам судот ќе го има предвид. На крајот на краиштата, зборуваме за наводно пари стекнати од криминални активности, на некое друго лице во висина од 1.300.000 евра, во конкретниот случај гаранцијата барем за 50% го надминува овој износ, со што сметаме дека дури и при негативно завршување на постапката тое е сосема доволно да се верува дека г. Јордан Камчев ниту ќе бега ниту ќе опструира или ќе биде недостапен на органите за прогон за оваа постапка, како и таа да тече понатаму.
Новинарско прашање
Никој не тврди дека изјавата е земена незаконски. Изјавата е земена законски во ОЈО по однесена кривична пријава во предистражна постапка, но е земена за сосема друга правна квалификација со што не може да се користи во делот на обвинување за кривично дело перење пари. Таа правна квалификација пред тоа обвинителство за перење пари воопшто не може да биде земена. Таа во таа постапка е земена во врска со евентуални сомнежи затоа што е пред истрага за сторено кривично дело злоупотреба, а тоа се две сосема различни кривични дела кои имаат сосема различни описи на нивните дејствија и криминирани елементи на сторување на кривичното дело. Ве молам да правиме разлика – незаконито и неможност за таквата изјава да биде користена во оваа постапка. Делот што го наведовте во однос на тоа дека судијата ја прифатил оваа изјава исто така, се извинувам што морам да ви укажам, но судијата којшто постапува во овој момент, затоа и нагласив во моето излагање дека главната одговорност е на судиите коишто го оценуваа обвинителниот акт затоа што согласно на одредбите од Законот за кривична постапка што е во важност во овој момент и по кој постапуваме, изјави на ниту еден сведок или осомничен, обвинет, не се наоѓаат во списите кај судечкиот суд туку тој врши нивни распит на обвинети коишто сакаат да дадат своја изјава и на сведоците директно пред судскиот совет, но тој како судија и судски совет во списите на предметот не располагаат со ниту една изјава од сведок или обвинет.
Веројатно затоа и не знам дали ќе одиме со барање за иземање во однос на судијата бидејќи сметам дека тој е во ситуација кога не го поседува, не знам колку тоа воопшто може да биде правно аргументирано како основано барање, така што ќе видам како ќе оди понатамошниот тек на постапката. Таа изјава не е ни доказ, проблемот е во тоа што ќе се суди во отсуство на лице коешто никогаш не е сослушано. Според состојбите во овој момент, никогаш нема да биде сослушано за оваа правна квалификација, а не станува збор за скратена постапка затоа што таквото нешто го дозволува законот. Во постапките каде што е запретена казнаа над 5 години како можност за изрекување, воопшто не е дозволено водење на кривичната постапка согласно овој закон бидејќи ќе треба да осудите човек којшто никогаш не можел да каже ниту збор за она што му се става на товар.
Најверојатно како одбрана ќе одиме со барање за изземање во однос на застапништво на обвинението, бидејќи сметаме дека има реални основи за сомневање во нејзината непристрасност, односно пристрасност, затоа што истиот Јавен обвинител ја води и постапката што се води против Јордан Камчев, постапка којашто беше инфицирана со одредени недозволени дејанија на тогашната СЈО. Единствен обвинител во СЈО, со оглед на тоа што беа полномошници обвинители коишто постапуваат како полномошници обвинители и дури во овој момент кога ја држиме оваа прес-конференција и еден месец наназад, постои правосилна судска пресуда со којашто се докажува дека во таа постапка Катица Јанева ја злоупотребила својата положба, за што постои правосилна судска одлука. Тоа се се аргументи со коишто ќе побараме изземање на обвинителката. Каква ќе биде одлуката на раководителот на одделението за организиран криминал, ќе дознаеме и ние и вие кога тоа ќе биде направено.
Оваа прес-конференција ја чекавме како одбрана на обвинетиот Јордан Камчев околу околностите што се случуваат во предметот „Плацеви на Водно“ заради запознавање на вас како медиуми и јавноста со процесните проблеми коишто излегоа во оваа постапка, а коишто имаме реален основ до сомнение дека влијаат на пристрасност на застапникот на обвинението, на што ни укажуваат повеќе околности. Во оваа постапка по редоследот на обвинителниот акт г. Јордан Камчев е петтообвинет и единственото лице коешто во изминативе пет месеци, сега почнува шестиот, се наоѓа во притвор. Воопшто не се размислува за евентуална можност за укинување на таа мерка притвор и за почитување на неговата во овој момент нарушена здравствена состојба, за што постои обемна медицинска документација од повеќе стручни лица од Република Македонија и од еминентни стручњаци од Република Словенија и исто така од Република Австрија. Во конкретниот случај, за неговата здравствена состојба постои и судско- медицинско вештачење од овластен вештак од областа на медицината, којшто исто така укажува на ризичноста на здравствената состојба на г. Јордан Камчев, што би укажувало на околноста дека од тие причини би требало да се интервенира и евентуално истиот во најмала рака да биде префрлен на издржување на мерка куќен притвор. Исто така, веќе подолг период имаме поднесено и гаранција во недвижен имот, онака како што обвинителството бараше, да не биде ниту од лица коишто се во постапката, иако сметам дека не постојат законски пречки неговата мајка, којашто е во постапката, да заложи сопствен имот, но почитувајќи ги барањата на обвинителството поднесена е и гаранција којашто би значела укинување на мерката притвор на г.Орце Камчев и негова понатамошна одбрана од слобода. Понуден е недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, но на оваа понудена гаранција до овој момент и до оваа прес-конференција немаме одлука од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, до којшто истата е доставена.