Ќе остане ли Трамп без пeнзија?

На довчерашниот американски претседател Доналд Трамп му следува пензија во висина од 221.000 долари годишно, но и други бенефиции далеку повредни од парите.

Но, доколку Сенатот го потврди неговото отповикување, тој би можел да изгуби сè што му следува како поранешен претседател.

„Ако Сенатот го осуди Трамп и го потврди повлекувањето, ќе биде потребно само уште едно гласање за да му се одземат пензијата и надоместоците што му следат по закон“, објасни Мајкл Герхард, професор по право на Универзитетот во Северна Каролина, пренесува Си-Ен-Ен.