Измените на Законот за здруженија и фондации предложени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а изгласани едногласно во Собранието и од страна на владејачкото мнозинство можат да бидат прогласени за – неуставни.

Ова од причини што изменетиот закон предвидува сите здруженија во рок од три месеци се должни да го усогласат своето име согласно одредбите на законот.


Според усвоените измени, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх”.

Но, македонскиот Устав е дециден и забранува законите да имаат ретроактивно дејство освен во исклучителни случаи.

Ова значи дека имињата на здруженијата „Ванчо Михајлов” и „Цар Борис Трети” нема да мора да се менуваат.

Од своја страна, министерот за надворешни работи Бујар Османи, минатата недела најави дека ќе ѝ предложи на Владата усвоените „Измени на Законот“ да бидат испратени на Венецијанската комисија чие мислење е само советодавно.

Пред три дена Уставниот суд оформи предмети за бугарските здруженијата „Иван Михајлов“ и „Борис Трети“ во кој се оспорени статутите и програмите на здруженијата.

Подносител на иницијативата за здружението „Иван Михајлов“ е политичката партија „Левица“. Подносител на иницијативата за „Цар Борис Трети“ е адвокатот Тони Менкиновски.