Откако вчера во билтенот на МВР ја немаше забележано завчерашната полициска потера по синот на висок полициски функционер денеска извори во внатрешната контрола на МВР велат дека полицајците што биле дел од настанот можат да останат без работа.

Тие го прекршиле законот при инцидентот во кој најпрвин го бркале синот на висок полициски функционер кој избегал пред полициска патрола а потоа јавиле дека ја прекинуваат потрагата по возачот кој е син на функционер а за возилото јавиле дека е на владата.

Полицајците не смееле да го ослободат возачот поради ургенции од претпоставени затоа што со тоа го уриваат целиот правен систем, вели изворот кој е запознат со детали од скандалот кој го тресе МВР и министерот Спасовски.

Тој тврди дека ако денеска полицајците не го пријават настанот во кој биле натерани да ослободат сторител на кривично дело тие на крајот ќе се соочат со губење на работното место заради грубо нарушување на законите за полиција и кривичниот законик.

Вчера во МВР била најавена реакција демант на пишувањето на expres.mk во врска со инцидентот но тимот на Спасовски утврдил дека има докази за сериозно прекршување на законот и затоа денеска се прави нов план за соочување на настанот кој покажува дека Македонија нема систем на владеење на правото.

Суспензија и речиси извесно бркање од работа ќе има и за тие полицајци кои реагирале дека не се работи за владино возило но сепак дозволиле да нема санкции за синот на функционерот на МВР.

По случајот за кој се заинтересирани и странски амбасади во Скопје ќе мора да бидат казнети и луѓето што интервенирале кај полицајците синот кој користел флешери и бегал од полициската патрола да биде ослободен без казна.

Бегалецот кој избегал од полицијата морал веднаш да биде санкциониран по две основи, бегство од контрола на службено лице и користење на недозволени светлосни сигнални уреди, таканаречени флешери, но неговите иницијали и воопшто настанот ги нема во вчерашниот билтен на МВР.

Полицајци кои се информирани за инцидентот највавуваат дека ќе откријат детали и материјали за настанот доколку МВР продолжи да молчи за тешкиот инцидент кој е скриен по налог на високи полициски службеници.

Деталите поради кој кај полицајците владее бес и револт на овој линк

Возачот кој вчера бегал од полицијата кај Качанички пат е син на висок функционер во МВР