Sогласно Директивата усвоено во 2022 година, а која стапи во сила на 1 јануари 2024 година, oд денеска УСБ приклучокот за полнење од типот Ц станува единствен стандарден приклучок за сите електронски уреди во Европската Унија.
Универзален приклучок за полнење ќе значи подобра технологија за полнење и поврзување, помалку електронски отпад и нула загубено време во потрага по соодветен полнач.
Согласно Директивата, УСБ-то тип Ц станува стандарден приклучок за цела палета на електронски уреди, како што се мобилни телефони, таблети, е-читачи, слушалки, звучници, дигитални фотоапарати, конзоли за видео игри, безжични глувци, тастатури и преносни системи за навигација.
Дополнително, сите лаптопи ќе бидат опфатени со новите правила 40 месеци по стапувањето во сила на Директивата.
„Веќе нема да биде потребно да купувате различен полнач секогаш кога купувате нов мобилен телефон или сличен уред, затоа што сите тие ќе може да се полнат со ист полнач“, додава Еврокомисијата.