Во Македонија членка на НАТО не функционира системот за вршење на оперативни безбедносни проверки на било кое ниво и за било која намена.

Македонскиот пасош за украинскиот Русин Александар Онишченко кој е човек на Кремљ покажа дека државата нема систем за утврдување на потенцијални безбедносни ризици кога се работи за можни непријателски влијанија на одликите на македонската влада.


По скандалот со хрватската фирма со руски капитал која доби тендер за надзор на автопат кој треба да го гради американска компанија се потврдува дека не функционира системот за вршење на оперативни безбедносни проверки.

Овој систем главно се наоѓа во рамки на Агенцијата за национална безбедност а таму одговорен за неговата работа е Јовче Ременски.

Сопругот на екс потпретседателката на СДСМ и пратеничка Фросина Ременски денеска срамежливо се посочува од различни владини и безбедносни структури дека е главниот виновник за давањето на македонски пасош на човек на руската служба ФСБ (Екс КГБ) кој се гони од страна на САД за мешање во американските избори.

Ременски е шеф на екипата која ја вршела проверката на рускиот тајкун близок на Кремљ која траела речиси година и половина.

Собраните податоци за рускиот џокеј и бизнисмен јасно укажувале дека тој не треба да добие македонски пасош, но на крајот како што тврди владата, мислењето од АНБ за Русинот било позитивно.

Одговорноста за тоа во моментов ја сносат директорот на АНБ Виктор Димовски кој заминува од таму и пред се Јовче Ременски кој е на чело на системот за вршење на оперативни безбедносни проверки во АНБ.

Проблемот за Ременски е што владата ќе мора да санкционира некого за скандалот со човекот на Путин а тоа не може да биде Димовски кој заминува за амбасадор во Париз.

Доколку владата не казни никого за скандалот ќе испрати порака до Вашингтон дека има директни договори со Путин за заштита на негови луѓе.

Expres.mk предходно објави дека оперативците кои го проверувале Русинот собрале доволно причини зошто тој не смее да добие македонски пасош и истите ги пренеле на двајца моќни играчи во системот за безбедност.

Ексклузивно: Ковачевски, Пендаровски и Груби биле предупредени дека даваат пасош на џокеј на Путин кој е на црна листа на САД