Владата го мести претседателот Пендаровски да направи дипломатски потег кој може да биде навредлив за една од најмоќните членки на ЕУ и НАТО.
Откако владата предходно ги мина сите процедури за испраќање на Виктор Димовски за амбасадор во Париз сега се чека на два последни чекори за негово амбасадорување во градот на светлината.
Едниот чеко е седница на комисијата за надворешна политика во Собранието каде Димовски треба да ги образложи тезите односно програмата за работа во Париз.
Комисијата ја закажува и ја води претседателот на комисијата Антонио Милошоски и таа теоретски не мора да да се случи затоа што предходно Пендаровски потпиша указ за испраќање на контроверзен дипломат кој не се појави пред комисијата.
Доколку Димовски со помош на пратениците на СДСМ кои треба да обезбедат кворум не се појави на комисијата тогаш топката целосно е во рацете на Пендровски кој ќе треба да потпише указ за амбасадорската функција на Димовски.
Пендаровски предходно во интервју практично го осуди Димовски како директор на АНБ за случајот Онишченко.
Сега тој ќе треба на францускиот претседател Макрон да му испрати амбасадор кој дал државјанство на човек од црната листа на САД кој важи за агент на руските служби преку кои добил и Руски пасош а се обидел да го урне американскиот претседател Бајден.
Доколку потпише Пендровски тој ќе ги навреди и Французите откако владата на Ковачевски веќе ги навреди Американците со тоа што не го суспендираше Димовски туку му дозволи сам незаконски да ја води истрагата за скандалот со рускиот агент Онишченко.
Во најмала рака Димовски кој веќе доби агремани за заминување во Париз, како човек кој одрабитил за Кремљ ќе биде бојкотиран од француското министерство за надворешни работи и одбрана, од американскиот амбасадор во Франција и од низа други амбасади на земји членки кои се лути на Русија.
Средба и соработка со човек кој на Москва и помогнал да инсталира свој соработник во земјата членка на НАТО Македонија додека трае конфликтот во Украина е непосакувана работа за сериозните диоломатии присутни во Париз.
Контакти со ,,мртов дипломат” ќе избегнуваат најголем дел од земјите членки на НАТО и ЕУ во Франција.
Освен ако Пендаровски нема своја улога во однесувањето на Димовски и не планира да ги засили врските со Русија преку новиот амбасадор во Париз тој никогаш не би потпишал указ за Димовски.
Предходно во депеша на американски амбасадор во Скопје Димовски беше означен дека е ,,во џебот на српските служби”, кои пак имаат сериозна врска со Москва.
Каков сигнал ќе испрати шефот на државата до НАТО и ЕУ ќе видиме во наредниве 20 дена за кога владата најави дека ќе избере нов шеф на АНБ.
Најчитани вести