Укинување на пратеничкиот имунитет по барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски, е единствената точка на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Барањето вчера го поднесе Основен суд Скопје 1 за пратеникот и ексминистер за земјоделство Димовски, кој е под истрага бидејќи како министер склучувал договори за закуп на земјоделско земјиште, а во некои случаи не ги раскинувал иако закупувачите не плаќале надоместок.

Притвор од 30 дена вчера добија поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и заменик министерот Кристијан Делев, а на поранешниот министер Ацо Спасеновски поради здравствени проблеми, одредена му е мерка куќен притвор.